Дома Трансфер зона Лука Модриќ откри што мисли за трансфер сагата на Роналдо

Лука Модриќ откри што мисли за трансфер сагата на Роналдо

Реал Мадрид овие денови се мачи со трансфер сагата на нивниот најдобар играч, Кристиано Роналдо за кој се верува дека кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Шпекулациите околу евентуалниот трансфер на Роналдо од Реал во Јуве се појавија пред неколку дена, а се посериозно изгледа дека неочекуваниот трансфер на крај ќе се случи. Се разбира, навивачите на Реал се надеваат дека тоа нема да се случи, бидејќи се свесни дека Роналдо е најважниот дел од нивната екипа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За сето тоа одлучи да зборува и хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ по синоќешната победа над Русија. Модриќ му порача на Реал да верува дека Роналдо на крајот ќе остане во Реал, бидејќи не може да замисли Португалецот да игра за било кој друг клуб во светот.

„Ќе видиме што ќе се случи. Не верувам дека ќе си замине. Се надевам дека ќе остане, бидејќи тој е најдобриот играч во светот и многу значи за нашата екипа. Моето мислење е дека ќе остане. Едноставно не можам да замислам да игра за друг клуб во светот“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…