Ромелу Лукаку сезонава игра како препороден во Интер и е сосема поинаков играч во однос на она што беше во Манчестер Јунајтед минатата сезона.
Белгиецот откри дека одлуката да го напушти „Олд Трафорд“ ја донел уште во март, кога почуствувал дека не припаѓа во Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лукаку меѓу другото и објасни зошто Мурињо, кој го донесе него на Олд Трафорд, не успеал како тренер на Манчестер Јунајтед.
Напаѓачот беше запрашан во интервју за „Скај Спортс“ кој беше тренерот кој ги искористил најдобро неговите квалитети.
„Роберто Мартинез, Роналд Куман и сега Антонио Конте. А што се однесува до Жозе Мурињо – ако му беа обезбедени играчите кои тој ги сакаше, ќе бевме далеку подобри отколку што бевме“.