Дома Фудбал Англија Лукаку мета на критики: Тој не вреди 80 милиони!

Лукаку мета на критики: Тој не вреди 80 милиони!

Ден по манчестерското дерби, тема во англиските медиуми е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

Белгиецот, за кого клубот плати повеќе од 80 милиони евра, во еден од најзначајните натпревари сезонава ја потврди лошата форма. Не успеа да постигне гол, а беше директен виновник за двата гола кои ги постигна Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо не се согласува со констатациите и го тврди спротивното, но тој едноставно не работи доволно за тимот. Никој не се жалеше на почетокот на сезоната, но Лукаку досега не ги оправда парите кои се вложени во него. Жалам што морам да кажам, но сè што прави е за секунда или две пребавно“, изјави легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер.

„Разликата помеѓу врвните и добрите напаѓачи е едноставна. Врвниот напаѓач добива една шанса, каква што имаше Лукаку, и постигнува гол. Нема тука филозофија, тоа мора да се претвори во гол. Се надевам дека се чувствува како што се чувствував јас кога ќе пропуштев таква шанса. Ме прогонуваше до наредниот натпревар и не можев да се смирам сè додека не постигнев гол“, додаде Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп со емотивно видео се прости од своите соработници во Ливерпул 🎥

Ќе биде чудно без Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, дефинитивно фановите долго време нем…