Дома Фудбал Италија Лукаку избран за најдобар играч во Серија А

Лукаку избран за најдобар играч во Серија А

Серија А денес ги избра најдобрите за сезоната која штотуку заврши, а ѕвездата на Интер Ромелу Лукаку беше извран за МВП.

28-годишниот Белгиец беше еден од најзаслужните што тимот од „Џузепе Меаца“ ја прекина доминацијата на Јувентус и по 11 години ја освои шампионската титула.

Неговиот ефект сезонава што измина е 24 голови и 11 асистенции во 36 одиграни натпревари.

Инаку најдобри по позиции во Серија А се: Кристиано Роналдо како најдобар напаѓач, потоа Николо Барела како најдобар играч од средниот ред, Кристијан Ромеро како најдобар дефанзивец, Џанлуиџи Донарума е најдобриот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…