Дома Фудбал Италија Лукаку: Ибрахимовиќ ме научи се што знам за фудбалот

Лукаку: Ибрахимовиќ ме научи се што знам за фудбалот

Ромелу Лукаку оваа сезона игра одлично во Интер и „нероаѕурите“ направија одличен потег со неговото доведување пред Јувентус во текот на летниот преоден рок.

И самиот Белгиец е задоволен од неговата форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Засега се оди како што треба, но сакам да бидам уште подобро и сакам да работам максимално за повеќе да напредувам. Сега сум 100% спремен, но нема да престанам да работам. Сакам да му покажам на Интер дека направи добар потег кога ме доведе“, изјави Лукаку.

Потоа тој зборуваше за „класичните деветки“ кои биле негови идоли.

Роналдо феноменот, Адријано и посебно Златан Ибрахимовиќ…Тоа беа моите идоли од младоста. Обожавав да го гледам Интер кога го имаше Роналдо и подоцна Адријано, но Ибрахимовиќ ме научи се што знам за фудбалот, посебно кога седевме заедно во тимскиот автобус. Искрено верувам дека ќе се врати во Серија А“, порача белгискиот фудбалер.

Го пофали и Антонио Конте.

„Конте е единствен тренер. Тој знае што точно треба да работи во секоја ситуација. Тој и Мурињо се најдобрите тренери во мојата кариера“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…