Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ имаа жесток дуел за време на четвртфиналето во италијанскиот куп помеѓу Интер и Милан, а од тогаш често пати испраќаат провокации еден кон друг.
Сега Лукаку во изјава за „Кориере дело Спорт“ повторно испрати провокација до Швеѓанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„До Јунајтед ние имавме добар однос. На Серија А и требаат играчи со неговиот квалитет. Но, разликата помеѓу мене и него е што тој сака да победува за себе, а ја за тимот“, изјави Лукаку.
Ако се знае дека Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една сезона, јасно е дека во новата сезона ќе видиме нова средба помеѓу двајцата голгетери.