Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го избра бројот со кој ќе настапува за Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед го доведе Ромелу Лукаку за рекордни 85 милиони фунти и Вејн Руни, а репрезентативецот можеше да избира помеѓу три бројки 7,9 и 10.
На крајот Лукаку ја избра деветката која ја носи и во репрезентацијата на Белгија, а на „Олд Трафорд“ му припаѓаше на Златан Ибрахимовиќ кој го напушти клубот Додека во Евертон, одличниот центарфор носеше десетка.
Најинтересно сепак е тоа кој ќе го задолжи дресот со број 10, кој цела деценија го носеше Вејн Рун, сега веќе нов-стар член на Евертон. На „Олд Трафорд“ се најавува уште некое големо име, па веројатно токму следното засилување ќе ја има честа да го наследи бројот на Руни.