Ливерпул ќе се обиде на лето да го донесе во своите редови напаѓачот на Селта, Максимилиано Гомес, пренесуваат англиските медиуми.
Уругвајаскиот репрезентативец игра фантастична сезона во дресот на Селта и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Гомес на Ливерпул му го препорачал бившиот напаѓач Луис Суарез, кој одлично ги познава квалитетите на својот сонародник.
Минатата сезона 22-годишниот Уругваец постигна 17 гола во 39 меча за Селта, а Гомес имаше и одлични настапи за уругвајската репрезентација и на Светското првенство.
Liverpool want Celta Vigo and Uruguay striker Maxi Gomez.
Here's what the papers say
? https://t.co/OzLtp4m9NQ pic.twitter.com/mUMUjppB4H— BBC Sport (@BBCSport) March 4, 2019
Во јануарскиот преоден рок Вест Хем покажа сериозен интерес за Гомес и Уругваецот беше на чекор од Премиер лигата, но трансферот пропадна во последен момент.
Инетрес за Гомес покажува и тимот на Барселона, која во него гледа наследник на Луис Суарез во тимот.
Поради тоа во летниот преоден рок сигурно ќе гледаме голема битка за потписот на овој талентиран напаѓач.