Дома Фудбал Англија Луис Енрике пристигна во Лондон, но Нагелсман останува фаворит за кормилото на Челзи

Луис Енрике пристигна во Лондон, но Нагелсман останува фаворит за кормилото на Челзи

Бившиот селектор на Шпанија, Луис Енрике утрово пристигна во Лондон со својот агент Иван де ла Пења, за да преговара со Челзи, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи е во потрага по нов тренер после отказот на Потер, а англиските медиуми пренесуваат дека како привремен менаџер до крајот на сезоната може да биде назначен Лампард.

Меѓутоа, „сините“ бараат етаблирано тренерско име за на лето да седне на кормилото и веќе почнале преговори со Луис Енрике.

Фабрицио Романо исто така потенцира дека Челзи ќе има средба и со Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ во Баерн Минхен.

„Сините“ ќе бираат помеѓу давјцата тренери, но во моментов Нагелсман е фаворит да седне на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голема трагедија го погоди семејството на турскиот селектор Винченцо Монтела

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, се соочува со тежок сем…