Дома Фудбал Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике ќе поднесе оставка од селекторското место на Шпанија во следните 48 часа, пренесуваат тамошните медиуми.

Поразот од Мароко и раната елиминација од СП влијаеше на неговата конечна одлука и тој ќе ја напушти клупата на Шпанија, а официјална потврда се очекува во следните 48 часа.

Како главен фаворит за негов наследник се споменува Луис де ла Фуенте. Станува збор за селекторот на младата репрезентација на Шпанија со која стана европски првак во 2019 година, а подоцна го освои и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио во 2020 година. 

„Луис Енрике заминува во следните 24 до 48 часа, а негова замена ќе биде селекторот на репрезентацијата до 21 година, Луис Де ла Фуенте“, пренесуваат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер погоди, Херера најдобар на теренот во европската вечер

Елмин Растодер се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Панатинаикос, а Себастијан…