Дома Фудбал Репрезентации Луис Енрике повторно изненади: Нема место за Рамос во шпанската репрезентација

Луис Енрике повторно изненади: Нема место за Рамос во шпанската репрезентација

Серхио Рамос минатото лето премина од Реал Мадрид во ПСЖ и изгледаше дека тоа не е баш најдобар потег на раководството на францускиот клуб.

Рамос минатата сезона не се наигра во Париз, имаше големи проблеми со повредите и ги пропушти првите шест месеци, успеа малку да влезе во ритам во финишот од сезоната. Оваа сезона е поинаква приказна, Рамос игра добро и покажа дека и понатаму може да биде високо ниво.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За многумина се уште е еден од најдобрите дефанзивци во Европа иако е во залезот на кариерата. Со добрата форма од стартот на сезоната се очекуваше да се врати и во шпанската репрезентација, меѓутоа тоа не се случи.

Селекторот на „црвената фурија“ Луис Енрике го објави списоко за наредните натпревари во Лигата на Нации и на него не се најде Рамос.

На шпанските медиуми не им е јасно зошто Рамос не е во составот иако игра во добра форма. Покрај Рамос изненадување е што повик не добија: Иаго Аспас, Ансу Фати, Алекс Морено, Хектор Белерин и Серхио Каналес.

СПИСОКОТ НА ШПАНИЈА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…