Дома Фудбал Луис Енрике заминува, Барса веќе најде замена!

Луис Енрике заминува, Барса веќе најде замена!

Барселона во последно време има проблеми околу продолжувањето на договорите на клучните луѓе во клубот. После Меси, кој сеуште не го продолжил договорот, сега постои проблем и со новиот договор на Луис Енрике.

Шпанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Луис Енрике на крајот на сезоната да ја напушти Барса, а челниците на клубот веќе разгледуваат опции за негова замена.

Според инсајдерски информации од клубот најголема желба е тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли. Аргентинскиот тренер оваа сезона е хит во шпанската лига и се повеќе се поврзува со Барселона.

Многу фудбалери на Барса го обожаваат Сампаоли, пред се Меси, што може да биде и пресуден фактор кога е во прашање новиот тренер на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толисо го запре Сосиедад: Лион со бод од „Реале арена“

Реал Сосиедад водеше на полувремето со голот на Ори Оскарсон, но Корентен Толисо израмни н…