Дома Топ вести ЛУИЗ ВО ВОЈНА СО ЧЕЛЗИ: Бразилецот подготви сензационален трансфер за кој долго ќе се зборува

ЛУИЗ ВО ВОЈНА СО ЧЕЛЗИ: Бразилецот подготви сензационален трансфер за кој долго ќе се зборува

Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз смета дека тренерот Антонио Конте го казнува поради другарството со Диего Коста, откако Бразилецот го поддржа својот сонародник по конфиктот со италијанскиот тренер минатата сезона.

Искусниот дефанзивец беше изоставен од првиот тим на Челзи во дербито со Манчестер Јунајтед (1:0), а ден по натпреварот мораше да тренира сам, одделно од тимот, по казната, бидејќи се спротиставил на тренерската тактика на состанокот минатиот четврток.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот Бразилец вчера доживеа и повреда на тренингот, па шпекулациите за неговото заминување од клубот сега се уште погласни.

Сега весникот „Diario Gol“ пренесува дека Луиз, наводно, Барселона ја гледа како своја следна дестинација во кариерата. Истиот извор вели дека Луиз го изјавил следново: „Подобро да бидам во Барселона, отколку резерва во Лондон“.

Точно е дека на Барселона совршено би им одговарал играч како Луиз. Умтити за сега е единствената сигурна опција на позицијата стопер, Пике игра под своето ниво, на Вермален и не се смета, додека Маскерано ќе го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…