Во овие моменти Аргентина го игра натпреварот против Саудиска Арабија во првото коло од Мундијалот во Катар, Аргентинците имаат предност од 1:0, но неверојатно е што дури три гола им беа поништени поради офсајд.
До водство стигнаа со голот на Меси од пенал, а за многумина таа ситуација сигурно е сомнителна (ТУКА). Во продолжение од натпреварот одлично функционираше веројатно тактиката на селекторот на Саудијците да ги „фаќаат“ Аргентинците во недозволена позиција. Дури три гола во првиот половина час беа поништени поради офсајд. Треба да се каже дека во сите ситуации головите беа оправдано поништени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Освен тоа „Гаучосите“ беа „уловени“ и во уште неколку дополнителни офсајд позиција. Тешко дека вакво нешто може да биде случајност, веројатно се работи за одлична тактика на селекторот на Саудиска Арабија.