Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Андре Онана ќе биде во тимот на „црвените ѓаволи“ за натпреварот со Тотенхем, а веднаш откако ќе заврши ќе замине за Брегот на Слоновата Коска за обврските кон својата репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Против Тотенхем, Манчестер Јунајтед игра на 14-ти јануари во 17:30 часот, а Камерун против Гвинеја во 17:00 часот на 15-ти јануари во првото коло од Африканскиот куп на нации.
Така Онана само 24 часа по натпреварот за Јунајтед ќе брани на друг натпревар на различен контитент, останува да се види како голманот ќе го издржи тоа и колку ќе биде способен да биде на потребното ниво.
Јунајтед беше должен да го ослободи Онана на две недели пред почетокот на првенството, но сепак во договор со федерацијата и клубот, како и желбата на Онана тој остана со тимот до последниот момент.