Кевин Андерсон и Џон Иснер го изиграа најдолгото полуфинале во историјата на Вимблдон и после шест и пол часа Јужноафриканецот се пласираше во финале.
Најпрвин Јужноафриканецот го освои првиот сет со 7:6, Иснер најпрво возврати, а потоа направи и пресврт. Андерсон се врати и го однесе мечот во 5-ти сет каде следуваше вистинско „лудило“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последниот петти сет тенисерите го играа речиси дваипол часа, па на крајот му припадна на Андерсон со 26-24.
Андерсон во финалето ќе игра со победникот од дуелот Ѓоковиќ – Надал кое започна во 21 часот и ќе се игра со затворен покрив.