Дома Останати Кошарка НБА Лудило во Канада: Иста е цената на два билета за финалето и – стан во Торонто!

Лудило во Канада: Иста е цената на два билета за финалето и – стан во Торонто!

Овие денови во Канада владее голема кошаркарска еуфорија, а причина за тоа секако е пласманот на Торонто во НБА финалето каде што ќе игра против бранителот на трофејот, Голден Стејт.

Прв пат во историјата на НБА се случува клуб од оваа земја да дојде до големото финале. Првиот натпревар од финалето се игра во ноќта која следи во 03:00 часот по наше време.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поради големата еуфорија која ја зафати Канада билетите за финалето достигнуваат навистина ненормални цени. Билетите за натпреварот кој се игра вечерва достигнуваа цена и до 100.000 долари!

Неверојатно звучи податокот дека со цената за два билети за овој натпревар можете да купите и стан во Торонто. Дури и најефтините билети достигнуваат цена од неколку илјади долари. Вобичаено цените на тие карти е помеѓу 10 и 20 долари, но сега станува збор за финале, па цените доживеаа огромен (дури и тоа е мал збор) скок.

Колкава еуфорија владее во Торонто покажува и податокот дека финалниот натпревар ќе се пренесува во 33 кина во овој град, а таму влезот ќе биде бесплатен.

Навивачите од овој град на овој натпревар гледаат како еден вид на „војна“ помеѓу Канада и САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…