Дома Фудбал Луда најава на Шпанците: Перез размислувал да го префрли Реал во – Премиер лигата!?

Луда најава на Шпанците: Перез размислувал да го префрли Реал во – Премиер лигата!?

Во јавноста веќе добро познато е дека Флорентино Перез е во отворена војна со првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од клубот најавија и дека ќе го тужат Тебас поради финансискиот договор со „ЦВЦ  партнерс“.

Реал повеќе не сака да ги слуша нападите на Тебас, а во медиумите сега се појавија една информација која звучи лудо и нереално. Прво тешко и според правилата дека Перез може да направи такво нешто.

Наводно, првиот човек на „кралевите“ сакал да побара дозвола неговиот клуб да се натпреварува во англиската Премиер лига!?

Таков преседан во фудбалот досега не се случил. Во Премиер лигата играле екипи од Велс, но таа земја е дел од Велика Британија. Реал Мадрид нема апсолутно никаква допирна точка за да може да се реализира наводниот план на првиот човек на Реал, секако ако таков постои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…