Дома Трансфер зона Луда завршница на преодниот рок во Англијa: Вотфорд нуди 60 милиони евра за Гуедеш!

Луда завршница на преодниот рок во Англијa: Вотфорд нуди 60 милиони евра за Гуедеш!

Сепак Португалецот преферира враќање во Валенсија.

Влегуваме полека во пеколна завршница во преодниот рок во Англија, клубовите имаат време да завршуваат трансфери до утре до 17:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес стигнува по малку неверојатна информација – Вотфорд понудил 60 милиони евра за Гонзало Гуедеш!

Но, на англискиот клуб не му оди во прилог тоа што фудбалерот преферира враќање во Валенсија каде што настапуваше како позајмен фудбалер.

Валенсија исто така сака да го врати Португалецот, но не е спремна да понуди повеќе од 40 милиони евра.

Гуедеш од страна на Тухел е означен како непотребен, па се очекува со сигурност да ја промени средината, прашањето е само каде.

Во минатата сезона одигра 38 натпревари во дресот на шпанскиот клуб и постигна шест погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…