Марсело Биелса кој во својата родна Аргентина е познат како „Лудак“ на чекор е од нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После неуспешната епизода во Лацио која траеше 48 часа, Марсело Биелса успеа да пронајде нов клуб. Тоа ќе биде француски Лил, клубот и официјално објави дека аргентинскиот стручњак ќе ја предводи екипата на почетокот на следната сезона.
Марсело Биелса има 61 година, а во својата кариера беше тренер на Њуелс, Атлас, Америка од Мексико, Велес Сарсфилд, репрезентацијата на Аргентина, Чиле, Атлетик Билбао и Марсеј.
Најголем успех му е освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Атина 2004 година со репрезентацијата на Аргентина.