Дома Македонски спорт Лоши вести: Сериозна повреда на Манасков, го чека долга пауза

Лоши вести: Сериозна повреда на Манасков, го чека долга пауза

Утрово ни пристигнуваат лоши вести од Унгарија. Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков заработил сериозна повреда во еден од последните натпревари за Веспрем.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Направените тестови покажале дека Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Поради тоа го чека долга пауза.

Се уште нема најава кога ќе се случи операцијата, но Манасков многу веројатно го чека пауза најмалку шест месеци. Тоа ќе биде проблем и за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ја чека настап на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пуштени во продажба билетите за натпреварот со Словачка!

Ракометната федерација на Македонија официјално ја стартуваше продажбата на билетите за ба…