Дома Кошарка Лоши вести: „Ол-Стар“ викендот без Стеф Кари

Лоши вести: „Ол-Стар“ викендот без Стеф Кари

За жал на многумина еден од најдобрите кошаркари во овој момент Стеф Кари нема да биде дел од „ол-стар“ викендот поради повреда.

Кари на последниот натпревар за Голден Стејт заработи повреда на левата нога. По првичните резултати се најавуваше дека не станува збор за нешто сериозно, сепак дополнителните тестови го покажаа спротивното.

Ѕвездата на Голден Стејт ќе мора да мирува неколку недели и тоа значи дека нема да го гледаме на престижниот настан. Засега не е познато кој ќе го замени и НБА дополнително треба да објави.

Оваа година „ол-стар“ викендот се игра во Солт Лејк на 19-ти февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ја растури Јута со 43 поени, Богдановиќ прецизен за Хјустон

Хјустон славеше со 125:118 предводен од Алперен Шенѓун, а Богдан Богдановиќ погоди три тро…