Дома Македонски спорт Лоши вести од Хрватска: Македонија останa и без капитенот

Лоши вести од Хрватска: Македонија останa и без капитенот

Mакедонија денес го има собирот пред двата натпревари од Лигата на Нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември), а пред овие два натпревари пристигнуваат лоши вести.

Капитенот Стефан Ристовски кого селекторот Благоја Милевски на последната прес-конференција го издвои како еден од малкумината репрезентативци со добра и натпреварувачка форма се повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ристовски не настапи на вчерашниот натпревар против Локомотива, а тренерот Анте Чачиќ изјави дека нашиот капитен се здобил со повреда на тетивата на нога.

„Стефан Ристовски не настапи денес затоа што има проблеми со тетивата на ногата, повреда за која е потребна пауза“, изјави Чачиќ.

Милевски така се соочува со проблеми пред овие средби. Од претходно е потврдена повредата на Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов подолго време е надвор од терените, а отпадна и Валон Етеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА започна и со ранкинг во футсал: Македонија во топ 60 репрезентации

За прв пат во историјата Светската фудбалска куќа (ФИФА) објави ранкинг за национални футс…