Дома Фудбал Лоши вести од Лондон за Бразил пред Мундијалот

Лоши вести од Лондон за Бразил пред Мундијалот

Тотенхем славеше против Евертон и така се искачи на третото место во Премиерлигата и го држи чекорот со одличните Арсенал и Манчестер сити, но сепак Антонио Конте остана без услугите на бразилскиот напаѓач Ричарлисон.

Ричарлисон заработи повреда на листот на ногата и поради тоа го чека долга пауза, по што Бразилецот кажа дека тоа може да влијае на неговиот настап на Мундијалот во Катар.

Бразилскиот напаѓач в понеделник треба да оди на дополнителни тестови, по кои ќе знае што се случува со повредата и колку време ќе паузира.

„Чувствувам болка додека се движам. Блиску е Мундијалот, остана само еден месец, а сега морам да одам на рехабилитација и не знам кога ќе се вратам на терените“, кажа Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила бара голман во Ривер: Белтран на радарот, конкуренти се Атлетико и Фиорентина

Астон Вила го следи 22-годишниот Сантијаго Белтран, а Ривер Плата сака со нов договор и кл…