После победата во Болоња, Бјанконерите се втори на табелата, имаат бод помалку од Наполи, но и прилика да ги победат Римјаните наредната сабота.
Но, на „Дал’Ара“ Марио Манџукиќ се здоби со удар, има оток и сигурно нема да игра во купот против Џенова.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот ќе направи се за да го опорави за натпреварот против Рома, a Алегри се надева дека и Буфон и Кјелини ќе бидат спремни.
Дибала сеуште не е комплетно спремен, иако Алегри изјави дека не бил лош во Болоња и додаде дека фудбалот е игра во која сме „ние“, а не „јас“.
Дали е тоа порака дека Дибала премногу мисли на себе, останува да видиме, Аргентинецот е незадоволен, но Алегри потсети дека играчи како Пирло, Ибрахимовиќ, Игуаин и уште неколку големи играчи завршиле на клупата во неговите тимови, бидејќи конкуренцијата е голема.