Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус пред мечот со Ајакс

Лоши вести за Јувентус пред мечот со Ајакс

Јувентус утре го пречекува Ајакс во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони, но тренерот Алегри ќе има проблеми при состанување на тимот.

Имено, капитенот и еден од најважните играчи на Јувентус, Џорџо Киелини се чини дека нема да биде спремен за утрешниот меч на „Алијанц Стадиум“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Киелини го пропушти и првиот дуел во Амстердам, но се очекуваше дека ќе се опорави за реваншот. Сепак, искусниот стопер и денес не тренираше со остатокот од тимот.

Покрај него, тренингот го пропуштија уште Матија Перин и Мартин Касерес, но нивното отсуство сигурно нема да го загрижи тренерот Алегри.

Покрај Леонардо Бонучи во одбраната се очекува повторно да игра Ругани, исто како и во првиот меч, бидејќи Барзаљи исто така е под знак прашалник.

Во тимот се враќаат Емре Чан, Даглас Коста, Сами Кедира и Марио Манџукиќ, кои сигурно ќе бидат спремни за утрешниот меч.

Првиот натпревер во Амстердам заврши 1:1, па утре во Торино ќе биде одлучен патникот во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…