Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Заврши сезоната за Демирал

Лоши вести за Јувентус: Заврши сезоната за Демирал

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако се покажа дека има тешка повреда на коленото.

Демирал се повреди во синоќешното дерби против Рома, а од клубот денес потврдија дека Демирал има скинати лигаменти на коленото и ќе мора да биде опериран.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа значи дека Турчинот ќе го пропушти остатокот од сезоната бидејќи рехабилитацијата од таква повреда е најмалку шест месеци.

Демирал синоќа го постигна првиот гол на мечот, но мораше да го напушти теренот во 19-та минута поради повреда. 21-годишниот дефанзивец ова лето пристигна во Јувентус од Сасуоло и беше на мета на многу европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…