Дома Фудбал Лоши вести за Јувентус: Бонучи ќе паузира еден месец!

Лоши вести за Јувентус: Бонучи ќе паузира еден месец!

Јувентус синоќа скапо ја плати победата против Лацио, бидејќи остана без еден од најважните фудбалери, Леонардо Бонучи.

Одличниот дефанзивец се повреди уште на самиот старт на натпреварот, но успеа да одигра уште половина час, по што Алегри беше приморан да го извади од игра.

Бонучи заработи повреда на десната нога и со штаки го напушти „Олимпико“,а денешните прегледи потврдија дека ќе мора да биде надвор од терените најмалку еден месец.

Тоа ќе биде сериозен удар за „старата дама“ која остана без Бенатија кој се преселува во Катар, а Барзаљи е сериозно повреден и уште долго ќе биде надвор од терените.

Поради повредата Бонучи сигурно ќе го пропушти првиот меч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен картон го пресече финалето: Ангеловски остана без трофеј во Тајланд

Таџикистан на Игор Ангеловски загуби со 3-0 од Тајланд во финалето на Кинг купот. Исклучув…