Дома Фудбал Англија Лоши вести за Тотенхем: Деле Али во „аут“ уште еден месец!

Лоши вести за Тотенхем: Деле Али во „аут“ уште еден месец!

Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али ќе биде надвор од терените и во наредните четири недели, откако ја обнови повредата на потколеноцата, пренесуваат англиските медиуми.

Деле Али се здоби со повредата за време на репрезентативната пауза на почетокот на месецот и минатиот викенд одигра неколку минути на мечот со Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, на мечот со Ватфорд во англискиот репрезентативец ја обнови повредата, па денес му беа направени детални лекарски прегледи.

22-годишниот играч за врска ќе мора да одмора во следните четири недели, па се очекува да се врати за дербито со Манчестер Сити на крајот на октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …