Дома Фудбал Лоши вести за ПСЖ: Верати тешко повреден!

Лоши вести за ПСЖ: Верати тешко повреден!

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел има проблеми со средниот ред, а сега нема да може да смета и на Марко Верати.

Италијанецот на вчерашниот дуел против Гингамп заработи тешка повреда и беше изнесен на носилки од теренот.

„Нема добри вести за Марко. Повредата му е сериозна. Ќе ги почекаме прегледите и ќе видиме. Ова е најлошото нешто што можеше да ни се случи“, изјави загрижениот Тухел.

Денес ќе бидат познати деталите од повредата, а италијанските медуми шпекулираат дека Верати ќе биде надвор од терените во следните два месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…