Дома Фудбал Лоши вести за ПСЖ, Верати го пропушта дуелот против Баерн

Лоши вести за ПСЖ, Верати го пропушта дуелот против Баерн

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати ја напушти репрезентацијата на Италија после победата над Северна Ирска (2:0) и ќе го пропушти натпреварот против Бугарија во квалификациите за СП.

Освен тоа, Верати ќе го пропушти и дербито во Франција помеѓу Лил и ПСЖ, а прашање е дали тренерот Покетино ќе го има на располагање за дуелот против Баерн во четвртфиналето во ЛШ.

Првиот натпревар овие два тима го играат на 7. април во Минхен, а реваншот е на 13. април. Баерн претходно објави дека Левандовски ќе ги пропушти двата натпревари поради повредата, па двата клуба во овој двомеч ќе влезат ослабени.

Верати е важен играч во тимот на Парижаните, но како што Баерн има широк ростер и потенцијална замена за Лева, така и францускиот клуб може да се пофали со широка лепеза од одлични играчи на секоја позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…