Дома Фудбал Италија Лоши вести за Наполи пред дуелот со Милан во ЛШ

Лоши вести за Наполи пред дуелот со Милан во ЛШ

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети изјави дека не знае дали Виктор Осимен ќе биде спремен да игра против Милан во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осимен се повреди додека настапуваше за Нигерија, па го пропушти и претходниот меч против Милан, кој Наполи го загуби со 0-4.

„Осимен е фудбалер кој треба да игра на секој натпревар, но сега е повреден и мора да внимаваме. Ако играше против Лече, сега ќе беше полошо. Мора да му дадеме време за рехабилитација. По повредата тренираше лесно, но мора да видиме како ќе реагира при поголеми напори на теренот“, изјави Спалети.

Отсуството на Осимен сигуно би бил голем хендикеп за Наполи, кој во среда му гостува на Милан во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…