Дома Фудбал Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Лоши вести за Милан, остана без еден од најважните фудбалери

Милан во недела го игра градското дерби со Интер, а остана без еден од најважните фудбалери.

Имено, на синоќешниот дуел со Црвена Звезда се повреди плејмејкерот Исмаел Бенасер и беше заменет со Сандро Тонали.

На денешните лекарски прегледи се покажа дека Алжирецот има мускулна повреда и ќе биде надвор од терените неколку недели.

Тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти двете дерби средби, против Интер и Рома во Серија А.

Бенасер пропушти 11 меча во декември и јануари, а сега ја обнови повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…