Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека Марцело Брозовиќ и уште еден член на стручниот штаб на репрезентацијата се позитивни на коронавирус.
„Резултатите од тестирањето донесоа два позитивни резултати, на репрезентативецот Марсело Брозовиќ и на еден член на стручниот штаб. Двајцата веднаш се изолирани од останатите членови на репрезентацијата“, објави Федерацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред неколку дена беше објавено дека Домогој Вида играл заразен на мечот против Турција, па беше за очекување дека ќе има и други позитивни на коронавирус.
Ова е лоша вест за Интер, бидејќи Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ и нема да можат да сметаат на него во наредниот период.