Дома Македонски спорт Мак ракомет Лоши вести за Вардарци: Минимум неколку недели пауза за Стоилов на стартот од новата сезона

Лоши вести за Вардарци: Минимум неколку недели пауза за Стоилов на стартот од новата сезона

Капитенот на актуелниот македонски шампион, Вардар, Стојанче Стоилов ќе паузира на стартот на новата сезона. Имено, познато е дека на вчерашниот меч против ПСЖ се здобил со повреда, односно скршеница на десната дланка.

Стоилов во еден дуел со Карабатиќ на синоќешниот меч ја повреди рака, па во вториот дел не беше воопшто ниту во ростерот на Вардарци.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По враќањето во Скопје ќе следуваат дополнителни лекарски прегледи, но сега засега речиси е сигурно дека тој ќе отсуствува минимум неколку недели од паркетот.

Во рамки на турнирот во Фрнација, македонскиот шампион денес ќе се соочи со екипата на Мешков Брест во 18:15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…