Aријан Адеми вчера во натпреварот против Омонија од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите заработи повреда.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После еден дуел со противнички играч Адеми доби удар во предната ложа и мораше да го напушти теренот.
Македонскиот репрезентативец веднаш легна и се фати за ногата па беше јасно дека ударот не е наивен. Денес врз Адеми ќе бидат направени дополнителни тестови и ќе се утврди степенот на повредата.