Дома Фудбал Лоша вест за Милан: Жиру во солзи го напушти натпреварот на Франција

Лоша вест за Милан: Жиру во солзи го напушти натпреварот на Франција

Францускиот напаѓач, Оливие Жиру се повреди во настапот за Франција во вчерашниот дуел против Република Ирска.

Засега нема информации каква е повредата на Жиру, но Французинот во солзи го напушти теренот, а секако тоа е лоша вест за Милан.

Жиру одлично ја започна новата сезона и на три натпревари постигна четири гола. За осум дена Милан го очекува и дербито против Интер, па тоа би било голем хендикеп за Милан.

Во овој момент не е познато каква е неговата повреда и колку ќе отсуствува, но сигурно е дека нема да игра против Холандија во понеделеник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…