Дома Трансфер зона Лошата игра носи и проблеми: Монтела имал конфликт со Бонучи!?

Лошата игра носи и проблеми: Монтела имал конфликт со Бонучи!?

montela

Милан ја совлада Ријека, но не одигра како што сите очекуваа, најголеми критики после натпреварот беа упатени за најголемото засилување кое пристигна ова лето Леонардо Бонучи.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, после натпреварот, Виченцо Монтела имал конфликт со искусниот дефанзивец, тоа го потврди и во својата изјава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да, разменивме неколку непријатни зборови, тој е капитен и лидер на тимот, мора да реагира подобро во ваквките натпревари“, изјави Монтела после натпреварот во кој Милан ја изгуби предноста, а потоа Патрик Кутроне погоди за победа во 94 минута од средбата.

Но, победата не беше убедлива и на никого не му значат многу трите бода против Ријека, Милан веќе овој викенд го очекува дербито против Рома во италијанското првенство.

Монтела е пред отказ, над него е големата сенка на Карло Анчелоти кој многумина веќе го гледаат како негов наследник на клупата на „росонерите“.

„Го ценам Анчелоти, од него ги добив првите тренерски совети кога одлучув да се занимавам со оваа работа. Можеби може да ми биде помошник“, низ смеа прокоментира Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…