Дома Фудбал Лопетеги „удри“ по Каталонците: Тоа што го прави Барса е тажно!

Лопетеги „удри“ по Каталонците: Тоа што го прави Барса е тажно!

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги уште еднаш потврди дека е против идејата натпревари од Примера да се играат во САД.

Управата на Ла Лига сака да направи маркетинг чекор, а еден натпревар веќе е договорен да се игра во САД. Имено, Барселона и Џирона потврдија дека натпеварот ќе го играат во Мајами во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поголем дел од екипите во Шпанија се против таа идеја, па Лопетеги не го криеше разочарувањето поради тоа што Барселона и Џирона се согласиле на ваков потег.

„Зборував за ова и не ми се допаѓа идејата на Ла Лига. Мислам дека клубовите треба да играат на свои терени, а не некаде во Америка. Тажно е тоа што го прават екипи како Барселона и Џирона“, вели Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Барселона на „удар“ на фановите на Манчестер Сити: Ти си љубоморен!

Фудбалерот на Барселона Жоао Кансело (28) си даде предизвик на „слепо“ да ги рангира играч…