Дома Фудбал Лопетеги: Тренерот е секогаш виновен за лошото, никогаш за доброто!

Лопетеги: Тренерот е секогаш виновен за лошото, никогаш за доброто!

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги тврди дека нема место за паника после серијата на лоши резултати и повика на смиреност.

„Кралевите“ загубија од ЦСКА Москва во Лигата на шампиони, а претходно освоија само еден бод во последните два меча во Примера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тимот е погоден од повреди на важни фудбалери, како Марсело, Иско, Карвахал. Тоа се нормални работи, но тешко е кога немаш во тимот четворица важни фудбалери“, изјави Лопетеги пред мечот со Алавес.

„Ова е Реал Мадрид и треба да ги примиме критиките како нешто нормално. Пред десет дена се беше различно, а сега е црно. Нашите амбиции остануваат исти- да ги освоиме сити трофеи. Тренерот е секогаш виновен за лошото, а за убавото никогаш. Јас го примам тоа како нешто нормално“, додаде Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…