Тренерот на Реал Мадрид е сконцетриран на престојните натпревари и не е загрижен за својата позиција после серијата слаби резултати.
Во шпанските медиуми се погласни се шпекулациите дека Лопетеги може да добие отказ, но тој тврди дека ја има поддршката од клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Гледаме напред со големи амбиции. Никој не знае што ќе се случи оваа сезона. Ние се обидуваме да победиме на секој меч и да ја подобриме нашата игра“, изјави Лопетети пред мечот со Леванте.
„Ја имам полната доверба во тимот и сме убедени дека ќе одиграме одлична сезона. Клубот ме поддржува и јас сум сконцетриран на престојните натпревари, ништо друго не ме интересира“, додаде шпанскиот стратег.
?? Esta ha sido la primera respuesta de Julen Lopetegui en la rueda de prensa previa al partido de mañana frente al @LevanteUD. #RMLiga pic.twitter.com/uas2OuhmsQ
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 19, 2018