Дома Фудбал Лопетеги: Добро започнав во Реал, но имав лоша среќа

Лопетеги: Добро започнав во Реал, но имав лоша среќа

За Реал Мадрид изминува една година за заборав во која „кралевите“ немаа преголем успех.

Минатото лето кога Зинедин Зидан си замина Јулијен Лопетеги беше назначен за нов тренер и тој требаше да започне нова ера во Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, само после четири месеци Лопетеги доби отказ пради слабите резултати.

Лопетеги потпиша договор со Реал Мадрид пред самиот почеток на Светското првенство, а тој потег го плати со отказ од селекторската клупа на „Црвената Фурија“.

Времето покажа дека не напраил добар избор, освен другите лоши резултати под негово водство Реал доживеа катастрофален пораз од Барселона со 1:5. Лопетеги Реал Мадрид го водеше на 10 официјални натпревари.

„Сезоната добро ја започнавме, одигравме некои одлични натпревари. За жал потоа следуваше период на три недели лоша среќа. Во тој период немавме среќа, во некои натпревари бевме подобри, но не успевавме да постигнеме гол. Јас мислев дека работите можат да се свртат на позитивно, меѓутоа за жал тие три недели на лоша среќа ја уништија мојата кариера во Реал“, изјави Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…