Дома Трансфер зона Лопетеги разговарал со Перез и открил какви засилувања му се потребни

Лопетеги разговарал со Перез и открил какви засилувања му се потребни

Навивачите на Реал Мадрид се уште чекаат од претседателот Флорентино Перез да донесе некое звучно засилување на Бернабеу, а се помалку време има за тоа.

Кралскиот клуб остана без најдобриот играч Кристијано Роналдо кој ги изненади сите со одлуката да потпише за Јувентус. Веќе неколку време се шпекулира дека Реал ќе донесе големо засилување во замена за Роналдо, но тоа се уште нема ништо. Новиот тренер Лопетеги е свесен дека му се потребни нови имиња доколку сака да биде конкурент на сите полиња.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Лопетеги и Перез пред неколку дена имале состанок и дека новиот тренер му порачал на клубот дека сака неколку засилувања. Реал ова лето го донесе Тибо Куртоа, Џуниор и Алваро Одриозола, но јасно е дека нема да биде доволно да ги покријат сите позиции.

Лопетеги му јасно дал до знаење на Перез дека му се потребни три засилувања. Му порачал дека клубот треба да донесе еден штопер, играч од средниот ред и напаѓач доколку клубот сака резултати во сезоната која ни претстои. До крајот од преодниот рок останува помалку од три недели и сигурно дека ќе биде многу работно на Бернабеу.

Најголема желба на Перез ова лето е Еден Азар, но сега е јасно дека Челси нема да го продаде ова лето. Претседателот на Реал ќе мора да тргне по некои други играчи и ќе биде интересно да се види кој ќе го донесе до крајот на овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…