Дома Фудбал Останато Лопетеги го „боцна“ Роналдо за наградата на ФИФА

Лопетеги го „боцна“ Роналдо за наградата на ФИФА

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги изјави дека Лука Модриќ ја заслужува наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во минатата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот репрезентативец веќе ја освои наградата на УЕФА и е во конкуренција со Роналдо и Салах за наградата на ФИФА, а победникот ќе се знае во понеделник.

„Лука имаше исклучителна сезона и сметам дека најмногу заслужува да ја освои наградата на ФИФА“, изјави Лопетеги, кој претпочита Модриќ да ја добие наградата пред Роналдо.

Серхио Рамос исто така навива за Модриќ, додека Каземиро јавно изјави дека наградата ја заслужува Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал продаде еден од хероите во освојувањето на титулата

Арсенал договори продажба на белгискиот напаѓач Леандро Тросард на турски Бешикташ. Овој 3…