Тренерот на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги не го криеше разочарувањето после поразот од Леванте на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал е во сериозна резултатска криза и нема победа на последните пет меча, а столчето на Лопетеги е сериозно разнишано.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Останува горчлив вкус за загубените бодови. Дефинитивно заслуживме да победиме, но така е во фудбалот, понекогаш одредени околности се решавачки. Упативме 34 удари кон голот, а тие постигнаа гол со единствените два удари“, истакна Лопетеги.
„Меѓутоа во фудбалот не победува секогаш тој што заслужува повеќе. Сигурен сум дека фудбалот наскоро ќе ни го врати сето она што ние одземено“, додаде Лопетеги.
Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги е пред отказ и можно е да не го дочека „Ел Класико“ кое на програмата е следниот викенд.