Денес Мурињо дебитираше како тренер на Тотенхем и тоа го направи со триумф на гостувањето кај Вест Хем.
Тотенхем денес беше подобар противник и заслужено ги однесе трите бода. До предност „петлите“ стигнаа во 36-тата минута преку Сон Хеунг Мин, а само седум минути подоцна Лукас зголеми на 0:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во ист ритам избраниците на Мурињо тргнаа и во второто полувреме. Хари Кејн во 49-тата погодува за веќе убедливи 0:3.
Вест Хем со голот на Антонио Мајкл на дваесетина минути до крајот покажа дека нема да се предаде така лесно. Домаќините стигнаа и до втор гол, меѓутоа дури во 96-тата минута за конечни 2:3. Пред погодокот на Огбона во последните минути на Вест Хем му беше поништен еден гол поради офсајд.
Пред овој натпревар Тотенхем беше во серија од неколку натпревари без победа, очигледно Мурињо донел свежина во таборот на клубот од Лондон.