Дома Трансфер зона Личните услови договорени: Дармијан пред враќање во Серија А

Личните услови договорени: Дармијан пред враќање во Серија А

darmijan

Италијанецот сака да се врати на „чизмата“, но сега се зависи од „црвените ѓаволи“.

Нападот на Наполи да го доведе Матео Дармијан влегува во завршна фаза. Управата на клубот од југот на Италија ги договори личните условите со дефанзивецот на Јунајтед, но сега остана уште да се постигне договор помеѓу клубовите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дармијан со Јунајтед се договори за плата од 3.5 милиони евра и договор на четири години, додека клубот од Неапол на „ѓаволите“ им нуди позајмица со право на откуп. Сепак на славниот клуб од „Олд Трафорд“ таков „дил“ во овој момент не му одговара.

„Матео сака да замине и кога е така доколку клубот добие адекватна понуда, нема да му стои на патот“, изјави Мурињо пред неколку дена, но недоамна додаде и дека клубот нема да го пушти по секоја цена, мора понудата да биде задоволувачка.

Дармијан во Јунајтед пристигна во 2015 година од Торино за оштета од 18 милиони евра и во изминатите три сезони забележа 85 настапи во сите натпреварување и постигна само еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …