Дома Фудбал Репрезентации Лицемерието на Французите: Го бојкотираат Мундијалот, а го поддржуваат ПСЖ?

Лицемерието на Французите: Го бојкотираат Мундијалот, а го поддржуваат ПСЖ?

Се поблиску е почетокот на Светското првенство, а на месец ипол до почетокот внимание привлече потегот на Французите.

Мундијалот во Катар од моментот кога беше одредено домаќинството е тема на контроверзии, па така е и воој пат. Дел од земјите се одлучија на „тивок бојкот“, меѓу нив е и Франција. Имено, во Франција нема да се формираат фан-зони на навивачите ширумф градот каде што луѓето би се собирале да ги гледаат натпреварите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На овој начин сакаат да испратат порака до Катар дека сите добро знаеме што се случува во Катар и во какви нечовечки услови престојуваа илјадниви работници кои работеа на инфраструктурата, многу од нив и ги изгубија животите.

Французите посебно го привлекоа вниманието затоа што покажуваат лицемерие. Тие ќе го бојкотираат Светското првенство, а што им се случува со лигата и клубот? Доминира клуб кој има катарски сопственици.

Секако, во прашање е Пари Сен Жермен каде што игра и Килијан Мбапе кого лично претседателот Макрон го убедуваше да остане во клубот на Катарците за доброто на францускиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…