Дома Трансфер зона Лихштајнер се сели во Германија – станува „милионер“

Лихштајнер се сели во Германија – станува „милионер“

Стефан Лихштајнер потврди дека после седум години го напушта Јувентус, а медиумите открија која ќе биде неговата следна дестинација.

Лихштајнер последната сезона не добива голема минутажа во дресот на Јувентус, па реши да не го продолжува договорот и на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.

Швајцарецот откри дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија, а медиумите веќе ја открија неговата следна дестинација, а тоа ќе биде Бундес лигата.

Наводно Лихштајнер веќе ги договорил сите услови со Борусија Дортмунд и ќе потпише за „милионерите“ веднаш по завршувањето на сезоната.

34-годишниот Лихштајнер цели седум сезони помина во дресот на Јувентус и се стекна со легендарен статус бидејќи учествуваше во освојувањето на сите 7 Скудета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…