Тотенхем на Жозе Мурињо беше тактички надмудрен и загуби на домашен терен од Лестер со 0:2.
Во првото полувреме гледавме тактично надмудрување и главно битката се водеше на средината од теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видовме неколку спорадични шанси на двете страни, а кога се очекуваше дека на одмор ќе се замине без голови, Серж Орие направи „глупост“.
Го фаулораше Фофана во казнетиот простор, судијата покажа на белата точка, а Варди беше прецизен за предност од 1:0.
Во второто полувреме Алдервајлед во 59-та минута ја погоди сопствената мрежа и Лестер поведе со 2:0, резултат кој успеа да го задржи до крај.